„Форбс“ оценува: Федерер е на пат да им се придружи на спортистите милијардери

116

Роже Федерер е на пат да стане првиот тенисер кој ќе се впише на списокот за спортисти милијардери, и ќе им се придржи на Тајгер Вудс, Мајкл Џордан и Флојд Мејведер, тврди списанието „Форбс“.

Швајцарскиот тенисер заработи 93 милиони долари минатата година, што е неверојатен скок во однос на 77-те милиони што ги заработи во 2018 година. За овој драматичен скок, секако, придонесе и спонзорскиот договор со производителот на спортска опрема „Јуникло“, што го направи пред две години.

Благодарение на уште некои поволни договори, Форбс предвидува дека Федерер наскоро ќе се најде на списокот на спортисти милијардери и дека ќе му се придружи на Тајгер Вудс, кој рекордот од милијарда долари го оствари во 2009 година.

Такви високи заработки какви што остварува Федерер се единствен пример во светот на тенисот, со оглед на тоа дека тој е еден од најуспешните играчи по број на недели поминати на првата позиција на АТП листата.