Финално асфалтирање на булеварот

176

Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот „Февруарски поход“ во општина Аеродром, информира скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Како што истакна тој, на терен градежните работи се изведуваат со засилено темпо, а се работи и во вечерните часови. По завршувањето на асфалтирањето ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.