Филм: „The King’s Man“ – за почетоците

44

Уште едно продолжение, поточно третиот дел од серијалот филмови за тајната организација Кингсмен македонската публика може да го види на големото платно од 30 декември.

Во американско-британската акција насловена „The King’s Man“ се прикажува како во раните години на 20. век е формирана организацијата Кингсман за да спречи тајна група да предизвика војна и да убие милиони луѓе.

Во филмот главната улога ја толкува Ралф Фајнс. Покрај него настапуваат Џема Артертон, Метју Гуди, Том Холандер, а режијата е на Метју Вон.