Филм: “Нагоре” – за втора шанса

63

“Нагоре” во режија на Нил Бургер е американската комедија/драма која публиката наскоро ќе може да ја види во градските кина.

Со овој филм, оваа година гледаме римејк верзија на француското остварување „Недопирливи“ од 2011 година, кој имаше неверојатен успех во салите низ целиот свет.

Во филмот се работи за различни луѓе кои доаѓаат од два различни света. Дел Скот, доаѓа од опасниот њујоршки кварт Бронкс и очајно се обидува да ги остави своите грешки позади себе. Филип Лакас е парализиран, депресивен милијардер, кој живее во луксузен апартман на Менхетен. Емотивен и полн со добар хумор, филмот зборува за неочекуваното пријателство кое се појавува меѓу овие двајца странци и за тоа како втората шанса може да биде најдобриот подарок кој некогаш сте го добиле.

Улогите ги толкуваат Кевин Харт, Никол Кидман и Брајан Кранстон.