Филм: „Луѓе во црно: Интернационал “ – крт во сопствените редови

89

„Луѓе во црно: Интернационал“ е најновото продолжение од познатата сага за тајната организација која отсекогаш ја штитела Земјата од криминалците-вонземјани, а која македонската публика ќе може да ја види во градските кина.

Во претходните делови, заштитни лица на филмовите беа актерите Вил Смит и Томи Ли Џонс, но во овој филм како тајни агенти ќе настапат актерите Крис Хемсфорт и Теса Томсон. Во оваа нова американска научнофантастична акција-комедија, во режија на Ф. Гери Греј, агентите се соочуваат со најголемата закана до сега: крт во сопствената организација.

Во останатите улоги настапуваат Ребека Фергусон, Лиам Нисон, Ема Томпсон.