Филм: „Кралството Шведска“ – во потрага по живот

82

„Кралството Шведска“ е насловот на шведската комедија која скопската публика може да ја погледне во градските кина.

Во неа Јозеф и Марија ја преминуваат пустината во потрага по безбеден дом за своето неродено дете. Поточно, тие се обидуваат да стигнат до Шведска, земјата на мирот, еднаквоста и „Икеа“. Во исто време, постара двојка ја напушта ветената земја во потрага по сонцето на Карибите, желна да останат витки, здрави и засекогаш млади. Нема место како дома, далеку од дома…  Ова продолжение следува по 23 години од првото прикажување на култниот шведски филм „Yrrol“, кој е најгледана шведска комедија до денес.

Режијата е на Петер Дале, а улогите ги толкуваат Сузана Рејтер, Јохан Улвесон, Клес Мансон.