Филипче: Ова ќе трае, мора да научиме дека треба да живееме носејќи маска и држење дистанца

212

Граѓаните уште долго време ќе мора да живеат со мерките за заштита од корона вирусот, предупреди министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Телма телевизија.

-Ова ќе трае. Нема да прекине ни до крај на годината, ни до почетокот на наредната. Има предвидувања дека дури и после вакцината ваквата состојба со корона вирусот ќе продолжи. Некои најнови предвидувања велат дека ќе трае и до 2022 година. Предвидувања од еминентни медицински списанија. Мора да научиме дека треба да живееме носејќи маска и држење дистанца, вели Филипче.