Филипче: Не чувствувам одговорност за зголемување на бројката со коронавирусот, сите мерки беа издржани и аргументирани

152

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно не чуствува одговорност за зголемување на бројот на носители на коронавирусот по олабавување на мерките од страна на Владата.

-Апсолутно не. Сите мерки кои ги предлагавме до Владата беа издржани и аргументирани со многу параметри на дневна основа и на тие анализи кои се прават за период од две недели. Така се прави и кривата на преносливост и анализите и проценките како ќе се одвиваат натаму бројките. Секогаш има еден фактор што не може да се предвиди, а тоа беше што ова сега се случи, односно непочитувањето на мерките во рамки на некои настани, рече Филипче на прес-конференција.

Новата бројка на заболени, како што кажа, е резултат на семејни собири и прослави во период од 23-25 мај, а тоа е јасно стои во епидемиолошките прашалници.

-Огромен број луѓе веднаш кажуваат каде се движеле кога биле на гости колку чести биле тие контакти за време на семејните посети. Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски, изјави Филипче.