Владата одново ги заострува мерките за заштита од коронавирусот и поттикнува помасовна вакцинација. Министерот за здравство, Венко Филипче за Канал 5 потврди дека Владата на вечерашната седница донела одлука од 16 август да се забрани влез на лица над 18 години во угостителски објекти и настани без валиден доказ за најмалку една примена доза на вакцина.

Филипче појаснил дека станува збор за концерти, престави и други масовни случувања, а забраната ќе важи и за настаните што се одржуваат во затворен и за оние на отворен простор.

За утре во 11 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат презентирани заклучоците од вечерашната седница на Владата поврзани со актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19.