Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди јавноста на измама за наводна спедијална лотариска награда за надоместок на загуби и штети во текот на пандемијата со Ковид-19 во вредност од милион долари, под покровителство на СЗО.

Во јавноста се пласираат лажни вести за некаква награда што ја доделува СЗО во соработка со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс (БМГФ) за т.н. награда на лотарија за надоместок на штети од Ковид-19“, пренесува „Гардијан“.

„Измамниците кои се претставуваат како фирма за финансиско управување од Лондон, лажно тврдат дека СЗО ги ангажирала за процесуирање на исплатите и наградите на лотаријата Ковид-19. Лотариската награда е измама која по различни канали се спроведува во име на СЗО“, се наведува во соопштението од Светската здравствена организација.