Филипче: Во употреба нов апарат за донирање крвна плазма, пет пациенти веќе се излекувани

237

Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма. На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот, информиреше министерот за здравство Венко Филипче.

„Новиот апарат ќе го користиме за дарување на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за дарување на стандардна плазма и тромбоцити. Оздравените лица од коронавирус можат да бидат дарители. Тие во секое време можат да се обратат во Институтот за трансфузиона медицина“, напиша Филипче на Фејсбук.

Кој, како и кога може да се дарува конвалесцентна плазма? Формулар за донор на COVID-19: http://itm.org.mk/%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D…/