Филипс во средниот ред

26

Челниците на најбогатиот клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс. Репрезентативецот на Англија сака во новата сезона да игра за клуб кој ќе се бори за шампионскиот трофеј, а раководните лица на Њукасл му нудат дупло поголема плата од таа која ја заработува во Лидс.