ФЗОСРМ: Почна исплатата на платите на здравствените работници, се очекува да биде завршена во следните 48 часа

59

Почна исплатата на платата на здравствените работници, информира попладнево Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

– ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, е наведено во соопштението.

Од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога Фондот се соочува со сајбер напад и кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.