ФЗОМ: Ако болниот не може, негов близок може да го подигне лекот

79

Фондот за здравствено осигурување информира дека интензивно презема соодветни активности и мерки за укинување на квотите на сите аптеки и за воведување нови контролни механизми при пропишувањето на лековите на рецепт на товар на Фондот во ординациите.

– „Лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош“, наведуваат од Фондот.

Моделот на аптеки без квоти започна со примена како пилот проект во месец август 2019 година во  43 аптеки кои се лоцирани во туристичките центри на територијата на подрачните служби на Фондот во Гевгелија, Охрид, Ресен и Струга и тоа во следните места: Нов Дојран, Охрид, Пештани, Крани, Царев Двор, и Струга.