Кошаркарите на Феникс 2010 беа подобри од Гостивар со 84:66 во рамки на 11. коло на Првата македонска лига.

Феникс го реши прашањето на победникот уште по првото полувреме кога создаде предност од 31 поен (58:27).

Најдобар во победничката екипа беше Бојан Трајковски со 20 поени, 11 скокови и пет асистенции, додека кај гостите најрасположен беше Ренато Димитриевски со 13 поени, четири скокови и две асистенции.

Победа во ова коло извојува и ТФТ Скопје на гости кај Куманово со 71:82.