Плејмејкерот на Феникс, Крис Пол, поради повреда ќе отсуствува од терените од шест до осум недели. Како сега стојат работите, Феникс без Пол ќе бидат до крајот на регуларниот дел од сезоната кој ќе заврши на 10 април, а моментно се најдобриот тим во лигата со 48 победи и 10 порази.

  • Со многу работи се бориме оваа сезона. Поради повреди губевме играчи, се случуваа работи и надвор од теренот… Смешно е и да помислиш дека без пречки ќе успееш да минеш сезона во НБА-лигата. Ова сега е малку поинаку бидејќи во прашање е Крис. Сепак ова е можност и другите момци да добијат шанса и тие да си ја подигнат самодовербата. Кога ќе се врати ќе бидеме уште подобри, истакна тренерот на Феникс, Монти Вилијамс.

Ветеранот Пол сесонава има просек од 14,9 поени и 10,7 асистенции.