Кошаркарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс, со освоени 209 поени победи во шутирање тројки на Ол-старот кој се одржа во Кливленд. Тој во финалето беше подобар од Лук Кенард од Лос Анџелес Клиперс и Тре Јанг од Атланта. Шутираа и Пети Милс од Бруклин, Си Џеј Мекалум од Њу Орлеанс, Дезмонд Бејн од Мемфис, кошаркарот на Торонто Фред Ванвлит и Зек Левин од Чикаго.

Во конкуренција на „забивања“ Оби Топин од Њујорк го победи во финалето кошаркарот на Голден стејт, Хуан Тосканo-Андерсон. Топин беше најконстантен и освои најмалку по 44 поени во последните четири „забивања“. Во ова натпреварување учествуваа и Џејлен Браун од Хјустон и Кол Ентони од Орландо.