ФЕД: Обновата на економијата во САД зависи од ширењето на вирусот и вакцинацијата

59

Директорот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел денеска изјави дека економијата на САД е далеку од целосно закрепнување поради кризата предизвикана од корнавирусот.

– Поради пандемијата, во САД невработени остануваат девет милиони луѓе. Властите имаат намера да реализираат адаптивна монетарно-кредитна политика за постигнување на неопходната стапка на невработеност, рече Пауел.

Тој додаде дека ситуацијата ќе се подобри но дека за тоа е потребно време.

Во меѓувреме, ФЕД не ја промени основната каматна стапка која останува на нивото одредено во декември 2020 година, односно од нула до 0,25 отсто годишно.

Развојот на економијата во најголема мерка зависи од ширењето на вирусот, како и спроведувањето на вакцинацијата. Затегнатата криза во здравството продолжува да врши притисок врз економската активност, вработувањата и инфлацијата, и создава значајни ризици за економската перспектива, се вели во соопштението на ФЕД.

Неодамна, регулаторот ја подобри макропрогнозата за економијата на САД во 2021 година. Претходно, претседателот на САД, Џо Бајден, претстави нов пакет мерки за помош на населението во борбата против вирусот вреден 1,9 милијарди долари кој треба да биде усвоен наскоро.

Извор:МИА