Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, со победа стартуваше на АТП турнирот во Хале, Германија. Тој во првото коло го совлада квалификантот Илија Ивашка со 2:0.
Квалифкантот од Белорусија „скапо си ја продаде кожата“, во првиот сет стигна до тај-брејк и го загуби со 7:4 (7:6), додека во вториот пак стигна да игра 12 гема, Федерер го доби сетот со 7:5.
По откажувањето по три рунди на Ролан Гарос, Швајцарецот се обидува да се врати во форма за третиот Грен Слем, Вимблдон. Турнирот во Хале е прв во серијата на тревна подлога, а Федерер е познат како мајстор за таквите натпреварувања.