Уште еден штипјанец заразен со корона по вторпат

89

Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот.

Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и бил позитивен на коронавирусот.

Претходно во првиот случај 46-годишен маж беше позитивен, а по неколку месеци се заразил по контакт од текстилниот калстер и заврши во болница.