Драматична ситуација се одвивала во куќата на УФЦ борецот Ентони Смит, откако крадец се обидел да влезе во неговиот дом поради што морала да реагира и полицијата во американската сојузна држава – Небраска.

Како што е наведено во полицискиот извештај, станува збор за Лук Хаберман, кој моментно се наоѓа пред истражни органи и тоа откако речиси пет минути се тепал со УФЦ борачот. Имено, како што открил самиот Смит, во куќата каде што бил со своето шестчлено семејство (сопруга, три деца, свекрва и тој), во четири часот наутро слушнал дека некој влегол во неговиот дом.

  • Не ми беше сеедно кога го видов, бидејќи не знаев дали носи оружје. Кога некој ќе пробие во вашиот дом, тоа веројатно не е од некоја убава, благородна причина. Не знаев дали ќе пука, дали со нешто ќе ме избоде. Знаев само дека имав многу малку време, можеби две минути, да го совладам пред да го употреби било што, доколку има нешто, изјави Смит за ЕСПН.

Фактот дека Ентони Смит навистина се борел е докажано и од ситуацијата пред пристигнувањето на полицијата, кога неговата свекрва дошла со трчање за да му даде нож, за да може полесно да го задржи разбојникот.

  • Нема да лажам никого. Ова беше најтешката битка во мојот живот, затоа што влегов во тоа, знаејќи дека човекот може да ме убие. Во туѓа куќа не се влегува без оружје, а јас искрено во четири часот наутро не бев подготвен на такво нешто. Кога ќе си го вратам филмот, сега сфаќам колку брзо човек може да исчезне, се присети Смит.

Она што е особено интересно е дека кога полицијата пристигнала и заминла да го однесе разбојникот Хаберман до станицата – тој застанувал и му се извинувал на УФЦ борецот за непријатностите што ги доживеал.