Утре се отвораат понудите за избор на фирма која ќе ја урива дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

180

„Мистериозниот“ инвеститор на овој бесправен објект до денеска треба сам да го отстрани, одбивајќи да го прими прими решението на градежниот инспекторат, а при тоа избегнувајќи ги сите административни постапки. Сега надлежноста за отстранување на објектот е на Општина Чаир која на тендер бара фирма што ќе отстранува бесправно изградени објекти. – Во тек е постапката за јавна набавка за избор на економски оператор кој ќе има надлежност да урива бесправно изградени ибјекти на територијата на општина Чаир. Утре во 10 часот е јавното отворање, по што ќе течат законските рокови за еваулација на понудите, избор на најповолниот понудувач, како и роковите за жалби. Ако пристигнат повеќе понуди, тогаш ќе одиме со е-аукција. Очекуваме целата постапка да трае еден месец, по што веднаш ќе се пристапи кон уривање на објектот, изјави за весникот ВЕЧЕР, портпаролот на на општина Чаир, Куштрим Ала

Утре се отвораат понудите за избор на фирма што ќе ја урива дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Ова се случува откако „мистериозниот“ инвеститор на овој бесправен објект до денеска треба сам да го отстрани, одбивајќи да го прими прими решението на градежниот инспекторат, а при тоа избегнувајќи ги сите административни постапки.

Сега надлежноста за отстранување на објектот е на Општина Чаир која на тендер бара фирма што ќе отстранува бесправно изградени објекти.

– Во тек е постапката за јавна набавка за избор на економски оператор кој ќе има надлежност да урива бесправно изградени ибјекти на територијата на општина Чаир. Утре во 10 часот е јавното отворање, по што ќе течат законските рокови за еваулација на понудите, избор на најповолниот понудувач, како и роковите за жалби. Ако пристигнат повеќе понуди, тогаш ќе одиме со е-аукција. Очекуваме целата постапка да трае еден месец, по што веднаш ќе се пристапи кон уривање на објектот – изјави за весникот ВЕЧЕР, портпаролот на на општина Чаир, Куштрим Ала.

Општина Чаир решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник. Меѓутоа, Ала вели дека инвеститорот на објектот се знае кој е, меѓутоа одбива да го прими решението за уривање.

– Сите административни постапки се поминати и сега нема кај да бега. Да ја избереме фирмата и некаде за еден месец да се пристапи кон уривање на дивоградбата – изјави Ала.  

Дивоградбата пред „Мавровска“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар пред два месеци. Наместо тенда од времен карактер, каква што имаше претходно, на местото никнаа широки столбови кои се поставени на цврста бетонска подлога. Ала вели дека градежните активности се прекинати пред десетина дена.

Начинот на кој никна објектот во „Мавровка“ го истражува и МВР преку Единицата за компјутерски криминал. Кога ќе заврши истрагата, полицијата ќе го извести и Обвинителството.

(С.Бл.)