Утре на радио ќе одекне нова бомба за „Рекет”

163
Соработникот на Ла Верита, Ларис Гајсер на Фејсбук објави дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .

-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио, пишува Гајсер на Фејсбук.

За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет, каде обвинети се Бојан Јовановски познат како Боки13 и бизнисменот Зоки Кичеец. Во послендото видео се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде OK, а Боки13 го споменува и “ЗЗ”.