Утревечер на Синедејс: Пијавици, Електричен оргазам, Вуди Ален…

220

Во рамките на Фестивалот на европски филм “Синедејс“, утревечер (13 ноември), публиката ќе има можност да проследи шест филмови.

По “Дождливиот ден“ на режисерот Вуди Ален, во рамките на гала програмата (20 часот, Милениум), во 22 часот во ова кино ќе може да се види и српско-хрватско- македонската копродукција “Пијавици“ во режија на Драган Маринковиќ. Филмот опфаќа период меѓу 1996 и 2000. Главниот лик е писателот Петар Мириќ, чиишто идеали за слобода, чесност, моралност и правдина, значително се разликуваат од начинот на живот во Србија под Милошевиќ.

Музичкиот документарен филм “Електрични оргазам за идните генерации“ е на репертоарот исто во 22 часот, но во Џебното кино на МКЦ. Следејќи го бендот Електрични оргазам на нивната прекуокеанска турнеја во летото 2018 година, прикажан е портрет на еден од најпопуларните и најдолговечни рок бендови на просторите на поранешна Југославија, откривајќи интересни и малку познати детали од нивната 39-годишна кариера.

“Смислата на живот“ пак, е наслов на вечерашниот монтипајтонски филм (21 часот, Кино Фросина). Вечерва (13 ноември ) ќе може да се види и краткометражниот македонски филм “Што крие дождот“ во режија на Сергеј Сарчевски (19, кино Фросина), кога е и албанскиот долгометражен филм “Куќата на Ага“ исто така во кино Фросина.