Успешно оперирана Кристина Неагу 

216

Најдобрата романска ракометарка и една од најдобрите во светот, Кристина Неагу конечно го оперираше десното колено, кое го повреди на Европското првенство во Франција. Неагу беше оперирана во Белгија и првите пораки од болницата беа оптимистички. Сега следи период на рехабилитација, а најдобриот стреле на Европските првенства ќе се врати на терените следната сезона.

Кристина Неагу се повреди на натпреварот против Унгарија и без неа Романија не успеа да освои медал, иако се квалификува во полуфиналето на Европското првенство во Франција. Без Неагу значително се намалуваат шансите и на ЧСМ Букурешт, екипа која се бори за европската круна во Лигата на шампионите.