Умтити главен дефанзивен столб

112

Новајлијата во италијанската Серија А, тимот на Лече, ќе биде следната дестинација на францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Самуел Умтити. Италијанските медиуми открија дека агентот на централниот дефанзивец и раководните лица на „црвено-жолтите“ веќе постигнале договор околу личните побарувања, но се уште не е познато дали Умтити ќе биде продаден или пак позајмен на Лече.