Уличен фестивал на италијанска храна на плоштад „Македонија“

441

Утре и внедела на плоштад „Македонија“ ќе се одржи уличен Фестивал на италијанска храна. За таа цел на плоштадот се поставени десетина дрвени куќарки.

Станува збор за настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна, автентичните италијански производи и италијанскиот начин на живот.

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…

Настанот што утре во 12 часот ќе го отвори италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, предвидува богата и забавна програма наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца. Лотарија со награди за сите што ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот ќе има во недела.

Фото: П. Стојановски