Украина со апел до ЕУ и Г7: Престанете да им издавате визи на Русите!

59

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ги повика сите членки на Европската Унија и групата Г7, која ги обединува најсилните економии во светот, „да престанат да им издаваат визи на Русите“.

„Претседателот Зеленски е апсолутно во право кога инсистира на тоа. Мнозинството Руси ја поддржуваат војната против Украина. Нивното право да ги преминат меѓународните граници треба да им биде одземено додека не научат да почитуваат“, напиша Кулеба на Твитер.