Украина издава поштенска марка посветена на победата на Евровизија

41
Украинската пошта планира наскоро да издаде специјална поштенска марка, која ќе го одбележи успехот постигнат на Евровизија, пишува Н1, повикувајќи се на агенцијата ХИНА.
Украинската група Калуш Оркестар убедливо победи, благодарение на невидениот одзив на телевизиските гледачи од цела Европа, кои гласаа за Украина.
За дизајнот на поштенската марка ќе одлучува уметничкиот одбор, напиша на Фејсбук првиот човек на Украинската пошта Игор Смељански и додаде дека се надева дека се ќе се одвива со забрзано темпо.
А успехот на последните две украински победници на Евровизија, пејачките Руслана и Џамала, го одбележа издавањето на комеморативни поштенски марки, пишува N1.
Неодамна Украинската пошта издаде поштенска марка посветена на украинските војници на Змискиот остров во Црното Море, кои одбија да се предадат на екипажот на руски воен брод.
Смељански објави скица за новата марка на која треба да пишува „Помогнете му на Мариупол – Помогнете му на Азовстал“.
Ова се зборовите кои ги кажа фонтменот на Калаш Оркестар, Олег Псиук, по прогласувањето на победникот во саботата вечерта на сцената во Торино.
Пејачот исто така рече дека бендот има намера да го продаде својот трофеј од Евровизија на аукција и да ги донира сите приходи од продажбата на Украина и на украинските вооружени сили.
Украинските власти ветија дека земјата ќе биде домаќин на натпреварот следната година, без оглед на војната.
Во моментов Украина не би можела да реализира ваков настан поради вонредната состојба во земјата.
На сила е ноќниот полициски час, а на вооружениот конфликт со Русија не му се гледа крајот.