Украина бара да и се отпише надворешниот долг од над 57 милијарди долари

49

Шефот на Сметководствената комора на Украина, Валериј Пацкан, смета дека од меѓународните финансиски организации мора да се побара да ѝ го отпишат надворешниот долг на земјата поради огромните штети што ги трпи од руската воена интервенција.

„Размерите на уништувањето во Украина… се колосални! Со оглед на тоа, од нашите надворешни доверители мора да се бара да ги отпишат долговите на Украина. Досега надворешниот долг е 1,6 трилиони гривни или повеќе од 57 милијарди долари. Меѓународните финансиски организации треба да ја ревидираат должничката политика и да ѝ ги анулираат долговите на Украина!“, напиша Пацкан на својата страница на Фејсбук.