Убиен е најбараниот шверцер на дрога во Рио

77

Најбараниот шверцер на дрога во Рио Де Жанеиро и уште петмина криминалци се убиени во акцијата на бразлиската полиција, соопштија бразилските власти.

Томас Џејсон Виера Гомез, попознат по прекарот “3N” е убиен на локација која служела како штаб на неговата нарко група на околу 40 километри од Рио Де Жанеиро, соопштија од локалната полиција.

Гомез заедно со останатите членови на нарко-бандата биле вооружени и отвориле оган кон полицајците. По жестоката пресметка помеѓу бандата и полицијата, специјалните единици убиле шестмина криминалци.

Полицијата потврди дека Гомез бил најбараниот шверцер на дрога на подрачјето на градот, но и еден од најголемите во целата држава.