Уапсен криминалец од Штип, осуден на затворска казна

20

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го привеле Х.Д.(26) од Штип. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната.