Уапсени дилери на дрога во Гевгелија

64

При претреси во Гевгелија, приведени биле двајца дилери на дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера во 15 часот го лишиле од слобода 42-годишниот М.П., откако при преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин. Истиот ден, во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и 39-годишниот Д.Д.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага, се наведува во денешното соопштение на МВР.

Како што се додава во соопштението, за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.