Тутунарите очекуваат откупна цена од најмалку 250 денари

186

Тутунарите почнаа да го предаваат тутунот. Квалитетот е добар и производителите очекуваат повисока откупна цена од најмалку 250 денари, наспроти ланската просечна од 217 денари за килограм.

Тутунот и годинава ќе го откупуваат девет компании и сите имаат обезбедени пари за исплата.

Крајниот рок за отворање на пријавените 210 откупни пунктови според законот е 15 декември, а откупот треба да заврши на 28 февруари.

Годинава биле засадени 13.300 хектари со тутун и се склучени 32.800 договори. Вкупното производство се проценува  на 26.000 тони, што е за 6 отсто повеќе од лани.

Квалитетот е добар и се очекува повисока откупна цена од 250 наместо ланската просечна од 217 денари за килограм иако според дел од тутунарите сушата ќе го намали родот.

Оваа година се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции и тоа за прва класа 80, 70 за втора и 60 денари за третата класа.

За тутунот од реколта 2020-та ќе се укинат евидентните листови, а содржината на договорите треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година.