Болно е да се гледа овој Јунајтед

107

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија го коментираше последниот натпревар на избраниците на Оле Гунар Солскјер. Тој беше искрен и сподели дека играњето на „црвените ѓаволи“ го натерало са се чуствува „многу тажно“. Јунајтед победи на само четири натпревари на последните 14 настапи во Премиер лигата.

  • Не гледам цели натпревари на Јунајтед. Болно е. Се обидувам, но нивната игра ме прави многу тажен. Јунајтед е во моето срце – градот, навивачите, десет години од мојот живот се таму. Многу е тешко да ги гледам поразите, изјави Валенсија, кој го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на минатата сезона.