Турција е за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на ОН

37

Анкара се залага за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред медиумите во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на ООН.

Чавушоглу истакна дека мнозинството земји-членки на ООН се согласуваат со идејата за реформи на светската организација. Според него, повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за реформи во ООН наидува на поддршка од се поголем број светски лидери, а тоа, како што рече, било потврдено на актуелната седница на Генералното собрание на ООН.

Се повеќе политичари го споделуваат ставот дека „светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН“, рече Чавушоглу.

Тој смета дека инструментот „вето“ треба да биде заменет со донесување одлуки со мнозинство гласови.

„Главната работа во прашањето е се обезбеди максимален опсег и праведност“, рече шефот на турската дипломатија.