Мерјем Узерли, која му е позната на целиот свет како султанката Хурем, на божиќниот ден подели преубава фотографија со својата ќерка честитајќи им го на фановите овој ден.

Убавата актерка позираше со својата ќерка Лара, која наполни 5 години, а двете беа облечени слично во фустан и здолниште со тренди каро-принт.

Актерката со својата ќерка го честитаат Божиќот

–  На сите среќен Божиќ им посакува нашето семејство, порача убавата султанка.

Мерјем ја има добиено Лара во турбулентна врска со турски актер, плејбој и бизнисмен кој ја има заведено, но и дрско оставено.

Иако таа го толкуваше ликот на бескрупулозната султанка Хурем, Мерјем во реалниот живот е сосема спротивна на тој лик. Веруваше во љубов и брак, но животот ја демантираше на тежок начин.

Поранешниот вереник Џан Атеш ја остави откако таа забремени поради што убавата актерка се обиде да си го одземе животот.

Во Анталија добив награда за актерство, а таа вечер се обидов да се убијам – призна Мерјем за турските новини.

По извесно време тој барал целосно старателство над Лара, но Мерјем се избори таа да води грижа за својата наследничка.

М.А