Турција осуди водач на секта на 8.658 години затвор

616
Судот во Турција го осуди припадникот на секта Аднан Октара(66) кој проповедаше преку телевизија, на 8.658 години затвор, пренесе Би-Би-Си.

Тој е опкружен со млади девојки кои ги нарекуваше „мачиња“, а го опишуваат и како водач на секта осуден за сексуални напади и обљуба на малолетни лица.

Октар започна свој телевизиски канал по пат на кој ја проповедаше својата „религија“.

Тој е отворен противник на теоријата на еволуцијата, а напиша и потсмешлива книга за креационизмот.

Првобино е осуден на 1.075 години затвор, но апелацискиот суд наложи поворно судење поради 315 обвинети.

На десетмина осудени им е одредена казна од 8.658 години затвор, додека многу обвинети добија помали казни.

Октар и стотици негови следбеници беа уапсени во 2018 година во неговит дом поради низа обвинениа, вклучувајќи и водење криминални организации, даночни прекршоци, сексуална злоупотреба и кршење на законот за борба против тероризам.