Екипата на Работнички се засили со тројца кошаркари за преостанатиот дел од сезоната во Првата македонска лига. Тимот од Градски парк ги регистрираше Американецот Рајнер Торнтон, Словенецот Мирко Мулалиќ и Хрватот Филип Бундовиќ.

Американец Торнтон е поранешен кошаркар на Мемфис Хасл, додека Мулалиќ доаѓа од редовите на Цедевита каде настапуваше минатата сезона. Претходно во својата кариера настапувал и за Унион Олимпија, Крка и Приморка.

Хрватот Бундовиќ во својата кариера има настапи за Шибеник, Цедевита и Зрињски.