Трипиер наследник на Кансело

177

Старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, најверојатно ќе биде следната дестинација на офанзивниот бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Киран Трипиер.

Репрезентативецот на Англија планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок затоа што сака да игра за клуб кој може да го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Според англиските медиуми, Трипиер е проценет на околу 30 мил. фунти, но Јуве мора прво да се ослободи од услугите на португалскиот интернационалец Жоао Кансело, кој за 50 мил. евра ќе биде продаден на Манчестер Сити.