Младата кинеска лизкачка Џесика Шуран Ју (20) е уште една во низа девојки кои во раната младост претрпеле злоставување од својот тренер.  Џесика доги години настапуваше под знамето на Сингапур, а низ се што минала опиша на друштвените мрежи. На овој чекор се одлучи мотивирана од се почестите истапи на гиманстичарките кои имле слична судбина како нејзината.

-Имав само 11  – години кога почна физичкото злоставување. Тренерот ме тепеше со заштитната навлака за ножот на лизгалките. Кога ќе се налутеше, а тоа беше секогаш кога ќе направев и најмала грешка, ми бараше да ја испружам раката и ме удираше. Некогаш ме тепаше и без предупредување по рацете и нозете и тоа пред сите на лизгалиштето. Кога имаше особено лош ден , ме удираше и по десет пати по ред, напиша Ју.

Но, на нејзините страдања крајот не им бил само со удирањата со заштитата за лизгалките. Таа трпела и многу полоша тортура од тренерот.

-Кога ќе имав проблеми сос скоковите ме повикуваше да застанам близу до него и потоа ме удираше во потколеницата со врвот од своите лизгалк. Ми течеше крв, но морав да продолжам да тренирам, откри малдата лизгачка.

Најлошото е тоа што тренерот ја повредил два дена пред квалификациите за Олимписките игрр, на кои токму поради тоа не можела да се квалификува.

-Не нарекуваше мрзливи, глупави, ретардирани, бескорисни…, нагласи Ју и додаде дека во Кина ваквото однесување на тренерите не е непознато. Единствен начин на борба според нејзино мислење е ваквите работи да се кажат во јавноста.