Аргентинскиот фудбалер Максимилијано Форнари (26) се наоѓа во Лариса, Грција, притоа нема пари и спие на улица.

Форнари пристигна во Грција за да го заврши трансферот во Аполон од Лариса, но на крајот сето тоа се распадна. Офанзивниот играч остана сам во Грција.

  • Се се искомплицира. Не знам што се случи. Менаџерите што ме донесоа ме оставија без ништо. Го напуштив тимот за кој играв бидејќи добив официјална понуда, но никогаш не потпишав договор, изјави Форнари за грчките медиуми.

Форнари живее на улиците во Лариса и тврди дека нема пари за кафе и спие на клупи во централниот парк.

Пред Грција тој играше за Атлетико Гемес, а потоа еден менаџер го убедил да дојде во Лариса и му ветил трансфер во Аполон, што на крајот не се случи.