Траоре ќе биде „петел“

107

Ривалот од англиската Премиерлига, тимот на Тотенхем, важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на Вулверхемптон, Адама Траоре. Предводникот на популарните „петли“, Антонио Конте, веќе има дадено зелено светло за трансфер на поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, но најавениот трансфер ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 25 мил. фунти.