Торта со чоколадо со ориз, едноставен спој на необични вкусови

152
Фото: Youtube

Чоколадото со ориз е омилен десерт на многу љубители на слатките. Едноставно и воздушесто, ова чоколадо особено го сакаат помалите во семејството, но популарно е и кај повозрасната генерација. Уште кога ќе го искомбинирате во превкусна и лесна торта, вкусот е незаменлив.

Пробајте, и ужувајте во вкусот!

Состојки за кора:

  • 6 белки
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица оцет
  • 100 гр кокос

Состојки за фил:

  • 6 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 250 гр путер
  • 300 гр чоколадо со ориз

Подготовка

Изматете ги белките и шеќерот. Потоа додадете брашно, оцет и кокосово брашно. Соединете ја смесата и печете ја кората на 200 степени 15-20 минути.

Изматете ги жолчките за филот на пареа, па додадете ванилин шеќер и шеќер. Ставете путер и чоколадо со ориз и соединете се. Истурете ја смесата врз кората и оставете да се излади неколку часа.

По желба декорирајте со шлаг.