„Топчиите“ загризаа за Халанд

112

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на големиот талент од редовите на РБ Салцбург, Ерлинг Халанд.

Норвешкиот интернационалец е најголемото изненадување кога е во прашање актуелната сезона во Лигата на шампиони, а интерес за неговите услуги веќе покажаа најбогатите клубови во Италија, Англија, Шпанија и Германија.

Во актуелниот договор на Халанд има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 30 мил. фунти.