Андреев на свој начин до срцата на публиката со хитот “Кој ти ги гризе образи“

196

Тони Андреев е ново име на македонската музичка сцена, интересен пејач, кој (за)вчера ја исфрли песната “Кој ти ги гризе образи“ на 14 години од смрта на својот музички идол Тоше Проески.                                                                                       – Всушност секоја година на тој ден снимам преработка на една од неговите легендарни песни за да му искажам благодарност за се што направи за нас и Македонија. Да го одржуваме споменот на Тоше и да не дозволиме никогаш да се заборави неговиот лик и дело, порачува се популарниот Андреев.                           Песната ја имаат преработено не само Тони Андреев како вокал, снимање и обработка на аудиото, туку со него и: Тошо Јуца гитариста, Владимир Здравев пијанист, Алек Тасевски режисер на видеото и Дарко Мирчевски асистент. Вооедно Тони има и нов занимлив имиџ за кој обожавателките му даваат голема поддршка. (Д.М.)