Ако ова е крајот, ќе биде неверојатен како кариерата на Том Брејди (44), најголемиот играч во историјата на НФЛ лигата.

Тампа Беј Баканирси, предводени од најголемиот квотербек во историјата, загубија со 27:30 од Лос Анџелес Ремс во полуфиналето на Националната конференција (во четвртфиналето на плеј-офот). Во завршницата од мечот имаа неверојатен кам-бек, па дури и луда грешка, што беше вовед во поразот.

Имено, во третата четвртина екипата на Ел Еј водеше во Тампа со огромни 27:3 и во неколку ситуации имаше шанса да ја „завери“ победата и да го елиминира актуелниот шампион. Сепак, големиот Брејди (44) заедно со своите соиграчи имаа филмски налет и израмнија на 27:27 во последната минута!

И Тампа Беј грешеше, но ги казни и грешките на противникот, а со тачдаун на Леонард Фурнет дојдоа во ситуација за продолженија (27:27). Но, тогаш доживеаја шокантен пораз, во потенцијално последниот натпревар во кариерата на Том Брејди.

Кога беше најпотребно потфрли одбраната на Тампа Беј. Таа во последните 40 секунди не го спречи противникот да го помине целиот терен и да му даде шут за победа, односно ЛА Ремс одлично ја искористи грешката.

Лос Анџелес Рамс сега ќе игра за пласман на Супербол против против Сан Франциско Фортинајнерс, додека на другата страна на „костурот“ Синсинати го чека победникот од мечот Бафало Билс – Канзас Сити Чифс.

Кога станува збор за Брејди, седумкратниот шампион во НФЛ и петкратниот МВП на Суперболот, останува да се види дали ќе игра следната година. Според последните информации тој нема наскоро да ја донесе таа одлука иако е обврзан со договор со Тампа и за следната сезона. Претходно изјави дека планира да игра на 45 години, кога ќе наполни во август годинава.