Тијана Дапчевиќ е меѓу 32 изведувачи кои конкурираат за претставник на Србија на годинашниот избор „Песна на Евровизија“ во Ливерпул. Позната македонска естрадна уметница која веќе долги години живее во Белград на српскиот избор за Евровизија ќе настапи со песната „Мамим“.

Српскиот јавен сервис ја направи селекцијата на композиции што ќе се натпреваруваат на фестивалот „Песна за Евровизија 2023“, на кој ќе биде избрна песната што ќе ја преставува Србија во Ливерпул, во мај годинава.

Во конкуренција се 32 композиции, а големото финале на кој ќе биде избран српскиот претставник за Евровизија, ќе биде на 4 март.

Покрај Тијана, во конкуренција за претставник на Србија на Евросонг 2023 меѓу другите се и популарните Фрајле, Хурикејн, Јована Томашевиќ.

Натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај во Ливерпул.