Најбогатиот фудбалски клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Лестер, Јури Тилеманс. Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и затоа Лестер ќе мора да го продаде веќе во јануари. Челниците на Њукасл се подготвени да одвојат 15 мил. фунти за неговото обештетување.