Тешка сообраќајна несреќа, загина 42-годишен маж од Делчево – со возилото излетал од патот

60

Четириесет и двегодишен возач од Делчево загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница. Излетал од патот со возилото кое го управувал.

„На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.“, велат од МВР.

Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.